fbpx

Огромна тага! На 43-години ненадејно почина Валевска

Извиканата бразилска одбојкарка Валевска Оливеира ненадејно почина на 43-годишна возраст.

Со години го носеше дресот на „кариоките“, а во 2008 година се закити со злато на Олимписките Игри во Пекинг. Беше дел од националниот тим и на Олимписките Игри во Сиднеј во 2000 и во Атина во 2004 година.

Според првичните информации, безживотното тело било пронајдено во семејниот дом во Сао Пауло. Причината за смртта се’ уште не е позната.

„Валевска беше посебна, нејзината игра ќе биде засекогаш запамаетена. Во овие тешки мигови изразуваме сочувство до семејството и до пријателите на Оливеира“, изјави Радамес Латари, претседателот на Бразилската одбојкарска федерација.

Оливеира имаше успешна интернационална кариера, настапувајќи за различни клубови во Бразил, Италија, Шпанија и во Русија пред да се пензионира минатата година.

Следни Објави

Каква убавина! Запознајте ги сопругите на браќата Матиќ

Имаат навистина успешни кариери, но можат да се пофалат дека се максимално исполнети и на семеен план. Славните браќа ги пронајдоа своите идеални половини од кои добиваат неверојатна поддршка, но овие две дами ретко се појавуваат во јавноста и не сакаат да се експонираат во медиумите. Саша Матиќ во 2003 […]