fbpx

Лепотанче на баба: Тања Кочовска конечно го покажа внукот

Семејна прослава

Актерката Тања Кочовска прослави 28 години брак со колегата Предраг Павловски. Таа објави семејна фотографија од една позната скопска кафеана, па на шега напиша дека ја преспале годишнината.

Најмногу симпатии, очекувано, собра нејзиниот внук од синот Александар кој го доби од првиот брак со неодамна починатиот актер Владимир Ендровски-Љац.

Кочовска од вториот брак со Павловски ја има ќерката Нела. Во едно интервју од пред неколку години таа откри дека синот завршил факултет за туризам, а дека ќерката тргнала по нејзините стапки.

„Тие се деца кои се израснати со двајца актери, а актерскиот живот не е баш едноставен. Тоа се деца кои никогаш не ми повишиле тон и се благодарни на се’ што сме им дале во животот. Не дека некогаш не знаат да изненадат, хаха. Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца“, раскажа Кочовска.

Следни Објави

Никогаш не е доцна, Господ на сите ни помага: Нашата Јованка има големо минато

„Како да си пораснала на оваа сцена, ме радува што си волку самоуверена. Ова беше одлично“, ѝ порача Дејан Матиќ на македонската кандидатка која ги освои симпатиите во регионалното шоу за таленти „Никад није касно“. За Јованка само пофални зборови има и нашата Тијана Дапчевиќ која пушти солзи по нејзината […]