fbpx

Ова е жената која го отру партнерот со антифриз: Теа не можела да се помири

Жена од Северна Дакота го отрула својот партнер откако дознала дека мажот наследил 30 милиони долари и планирал да ја остави.

Ина Теа Кенојер (47) е обвинета за убиство на 51-годишниот Стивен Едвард Рајли. Злостортвото е мотивирано од финансиски побуди, потврди полицијата.

На Рајли му се слошило кога се сретнал со својот адвокат на трети септември кога требало да ги финализира документите околу наследството, открија сведоци пред инспекторите.

Дури следниот ден Теа се јавила во Брзата помош и болничарите го пронашле Рајли без свест во семејниот дом, пренесува „Њујорк пост“. Утредента починал во болница.

Аутопсијата утврдила дека тој починал откако проголтал антифриз, кој, според полицијата, му го подметнала партнерката.

Во деновите пред нејзиното апсење, Теа се огласила на социјалните мрежи за да ја објави својата невиност, тврдејќи дека Рајли се самоубил.

Таа им кажала на инспекторите дека планира да го подели огромното наследство на Рајли со неговиот син, се наведува во податоците.

Рајли планирал да ја прекине романсата набргу откако дознал за огромната сума, што ги натерало инспекторите да увидат дали жената го отрула за да ги земе парите.

Теа Кенојер се соочува со обвинение за тешко убиство и е задржана во притвор.

Следни Објави

Многу дожд доаѓа кон Македонија! Силно невреме ќе го зафати Балканот

Целиот Балкански Полуостров, вклучувајќи ја и Македонија во следниот период ќе биде под влијание на моќен Џеновски циклон и на влажни воздушни бранови, но и под силно јужно и југозападно воздушно струење кое и понатаму ќе ни носи натпросечно високи температури на воздухот. Во голем дел од регионот се очекува […]