На гробиштата „Раштани“ денеска е погребан 74-годишниот Панче Жежовски.
Последна почит му оддадоа роднини, пријатели, познаници.
Додека во сите медиуми главна вест е 14-годишната Вања Ѓорчевска, малку се зборува за втората жртва, некогашниот фризер од Велес кој е најверојатно ликвидиран од истото оружје со кое е убиена малата Вања,
Еден од осомничените за убиството на Вања и Панчо, Велибор Манев, живее на само 300 метри од куќата на Панче. Српски „Телеграф“, повикувајќи се на анонимен извор, пишува дека Панче наводно му должел пари.
Мештаните велат дека Манев работел како ѕидар и дека биле шокирани кога дознале дека е уапсен за убиство. Според нив, меѓу двајцата немало никакви проблеми.
Посочуваат и дека семејството на уапсениот е многу фино, дека никој никогаш не направил проблеми и дека ги знаат само по добро.