fbpx

Сепак, не смее да ја напушти Македонија: Еве што се случува со Ѓорѓе Давид

По објавите во српските медиуми дека рок-музичарот Ѓорѓе Давид ја напуштил Македонија и се вратил во Белград, по сообраќајна несреќа кај Табановце во која загина жена, се огласија од кумановското обвинителство.

Оттаму велат дека утрово тој се јавил во Судот како мерка на претпазливост која му е определена.

Основното јавно обвинителство Куманово ја известува јавноста дека мерките на претпазливост определени спрема странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце сѐ уште се на сила.

Согласно информациите кои ги има обвинителството до овој момент, тој не ја напуштил државата и утрово се јавил во Судот како што му е определено, велат од обвинителството.

Оттаму посочуваат дека резултатите од наредените вештачења неопходни за да се расчистат причините за сообраќајната несреќа сѐ уште не се пристигнати до обвинителството.

Следни Објави

Естрадата во шок! Поп-ѕвездата почина на 42 години, причината е страшна

Поп-ѕвездата Дани Ли почина на 42-годишна возраст. Како причина за смртта е наведена постоперативна компликација. Позади себе ги остави сопругот и седумгодишната ќерка. Пејачката чие вистинско име е Данијел Фонсека Мачадо била оперирана во петокот. Таа одлучила да направи липосукција на стомакот и на грбот, како и намалување на градите. […]