fbpx

Трагедија во домот на Рада Манојловиќ: Нешто најтешко што можеше да ѝ се случи

Рада Манојловиќ пред речиси две децении се соочи со голема семејна трагедија.

Популарната пејачка беше многу млада кога мајка ѝ почина од рак.

Неодамна, таа конечно собра храброст да проговори за најтешкиот момент во нејзиниот живот.

Во таа прилика порача дека е среќна што ѝ ја исполнила најголемата желба на мајка си, а тоа е да стане пејачка.

Манојловиќ со родителите, сестра ѝ и брат ѝ

– Се сеќавам колку многу сакаше да успеам со пеењето. Една година пред нејзината смрт се пријавив да се натпреварувам во „Ѕвездите на Гранд“ и не поминав добро. Во тие мигови ми се сруши сѐ, а таа и покрај тоа што беше кревка со здравјето, наоѓаше сила да ме утеши. Ги паметам нејзините зборови: Драга, ова не е крај! Еден ден сигурно ќе бидеш ѕвезда! Голема ѕвезда како Драгана Мирковиќ. Имаше визија и секогаш веруваше во мене. Таа е мојата убавица, мојот херој и ангел – раскажа Рада за мајка ѝ Мирјана.

Следни Објави

Конечно невеста: Први фотографии на Ирена Спировска во венчаница

Ирена Спировска сподели фотографии во венчаница. Омилената ТВ-водителка под сликите кои ги објави на „Инстаграм“ не напиша ништо и само ја означи дизајнерката Елена Лука. Нејзините фанови на почетокот се прашуваа дали таа конечно застана пред олтар, а подоцна сфатија дека Спировска позира за претстојниот Саем за венчавки кој ќе […]