Пензиите ќе се зголемат
Направена е пресметката за усогласувањето на пензиите, со кое ќе има статистичко покачување за пет проценти.
Ова денеска го соопшти министерот за труд и социјална политика во техничката влада, Ѓоко Велковски.
Во согласност со новата Методологија, усогласување на износот на пензиите се прави двапати годишно во март и во септември, врз основа на податоците од Државниот завод за статистика за трошоците на живот и просечната плата.
Најниска пензија со септемвриското зголемување изнесува 12.527 денари, а највисоката 73.502 денари. Тоа значи дека пензионерите со најниска пензија ќе добијат 626 денари покачување, а кај оние со највисока пензија зголемувањето е за 3.675 денари.