fbpx

Ги напуштила децата: Шок сознанија за жената во која пукаше партнерот од Македонија

Познати се деталите за тетовчанец кој синоќа доцна вечерта ја застрела девојката со која се возеле заедно во автомобил, кај наплатната рампа во Прешево, а потоа се самоуби.

По расправија меѓу љубовни партнери, ситуацијата добила страшен тек, при што со тешки повреди се здобила 30-годишната В.Ј. од Велика Дренова.

Инцидентот се случил за време на кавга во автомобил, што на крајот довело до трагичен чин на насилство каде што тој испукал два куршуми кон неа пред сам да си пресуди.

„Таткото на жената е од Пакистан, но, колку што знаеме, не се живи ниту тој, ниту мајка ѝ. Има и две сестри. Човекот кој пукал во неа бил нејзиниот емотивен партнер. Претходно живееше во село Угљарево, каде што беше мажена“, вели соговорник на „Блиц“.

Според него, В.Ј. има две деца, но ги оставила откако заминала со човекот кој пукал во неа.

Таа е родена и живеела со семејството во Велика Дренова. Потоа се омажила во Угљарево, исто така село до Трстеник. Ги остави децата и отиде со тој Македонец во Швајцарија. Во Врњачка Бања од родителите наследила недвижен имот, вели тој.

Како што пишува „Блиц“, В.Ј. половина час по полноќ, во придружба на екипа на Итната помош од Врање, со рани од огнено оружје бил донесен во УЗ УКЦ Ниш.

По извршениот преглед, констатирани се повреди на душникот, вратните пршлени и влегување воздух во градната празнина, како и контузија на белодробното крило од левата страна.

Следни Објави

На роденденот ја погреба мајка си, по неколку дена и татка си: Со потресна објава Ќетковиќ ги расплака сите

Црногорскиот пејач Сергеј Ќетковиќ денеска полни 48 години. Но, од пред три години овој ден му се претвори во пекол кога остана без мајка си Драгица која ја погреба токму на неговиот роденден. По само неколку дена засекогаш се прости и од татко му Слободан кој исто така почина од […]