fbpx

Денес е Тодорова Сабота: Ова мора да го направите

Празник на приврзаноста кон велигденскиот пост

Тодорова Сабота се празнува во првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота после Прочка. Иако Тодорова сабота е црковен празник, а на тоа упатуваат повеќето обичаи што се изведуваат во црквата, сепак, на овој ден се изведуваат и повеќе обичаи кои очигледно водат потекло од многу постари времиња.

Во Гостиварско пченката што ја враќале од црквата утрото на самиот празник ја носеле во полето и ја фрлале по нивите и бавчите велејќи: „Господе, колку зрна, толку тоари, толку дар и бериќет да ни даеш”.

На овој ден младите изведувале и повеќе обичаи со кои сакале да дознаат кој е нивниот иден брачен другар. Тоа го правеле на следниов начин: Во крпчиња врзувале варена пченица и пченка и три пати ја префрлале преку олтарот од црквата. Потоа вечерта пред спиење ја ставале под перницата, за да го сонуваат саканиот.

На овој ден се вари пченица во која се додава малку мед и оние кои постат задолжително јадат од тоа.

Следни Објави

Вера доцнела на работа, па стопирала: По пола саат ѝ се променил животот

Медицинската сестра Вера Антонова често имала обичај да доцни на работното место, но секогаш одбивала да стопира и по цена уште два часа да остане на патот чекајќи меѓуградски превоз. Но, еден ден, оваа 32-годишна жена била принудена да отстапи од своите принципи. Ситуацијата била критична. Ѝ почнувала важна смената […]