fbpx

Хаос на бензиска: Жена се заби во друга кола, па тргна да се тепа

Кога се зад воланот, често се случува луѓето да изгубат трпение, но на оваа жена ептен ѝ се споија жиците.

Инцидентот се случил во раните утрински саати на една бензиска пумпа во Ирска.

На снимката се гледа како со сребрена тојота прво се забива во црниот форд паркиран пред неа, исто така управуван од жена, а потоа излегува од возилото и почнува хистерично да ѝ се дере, пред да фрли лименка сок на шофершајбната.

„Ти, ужасна ку*во“, ѝ довикува во еден момент.

Инцидентот предизвика лавина коментари на „Твитер“.

Дежурните сеирџии и овојпат добро се забавуваа.

Следни Објави

Беа од спротивни табори, ова го напиша за Мирко Попов

Почина Мирко Попов. Тој пред неколку дена беше хоспитализиран на скопскиот Клинички центар по мозочен удар. Познати личности се простуваат од него на социјалните мрежи. По неговата смрт се огласи и Богдан Илиевски-Бетмен, еден од водачите на протестот на „За заедничка Македонија“. „Не се знаевме лично и од спротивни табори […]