fbpx

ШОКАНТНА СЦЕНА! Нови детали за смртта на ѕвездата од реалното шоу, ова е ВОЗНЕМИРУВАЧКО!

Нејзината ненадејна смрт го потресе светот

Натпреварувачката во реалното шоу „Голи и исплашени“, Мелани Раушер, пред шест месеци почина под мистериозни околности во Аризона.

Оваа 35-годишна жена која беше ѕвезда во две сезони на популарната емисија на „Дискавери“, без знаци на живот беше пронајдена во гостинската соба во семејната куќа на пријатели која им ја чуваше додека тие биле на одмор.

Сега се огласија нејзини блиски роднини со нови детали за несреќата.

„Кога пријателите се вратиле во домот, тие се соочиле со шокантна сцена. Во близина на телото имало неколку лименки со компресиран воздух кои најчесто се користат за чистење прашина од компјутерите, а се’ уште не е познато дали таа ја консумирала содржината на лименките. Немало очигледни знаци дека се работи за убиство или самоубиство, па инцидентот се толкува како несреќен случај“, раскажуваат тие.

Мелани беше популарна телевизиска личност со армија обожаватели.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ѝ дадоа 6.000 денари да ја тргне шминката пред дечко ѝ (ВИДЕО)

Видеото преку ноќ стана вирално Позната шпанска инфлуенсерка ја разбранува јавноста со предизвикот кој ѝ го наметна на една млада девојка. Лупита Анаја ѝ понуди сто евра да го отстрани мејкапот и првпат да го покаже природното лице бред дечко ѝ. Ѝ даде влажни марамчиња, прво ја избриша пудрата од […]