fbpx

Неочекувано! Високи казни за убиството на Денис, една работа ги шокира осудените

Дали правдата е задоволена?

Кривичниот суд во Скопје ги прогласи за виновни и ги осуди на високи затворски казни обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“ во Градскиот парк, објави „Телма“.

Анџело Ѓоргиевски е осуден на 18 години затворска казна во која се засметува времето поминато во притвор.

Клементина Левковска е осудена на затворска казна од 18 години во која се засметува времето поминато во притвор.

Андреј Костовски е осуден на 16 години затворска казна во која се засметува времето поминато во притвор.

За случајот без одржани десет рочишта, а процесот го водеше судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.

Она што ги шокира присутните е што судот исто така им наложи на осудените на родителите на Тот да им платат износ од по 9 милиони денари, а на неговиот брат сума од 8 милиони денари во рок од шест месеци по пресудата.

„Имајќи предвид дека оштетениот паднал на асфалтот и бил удиран од страна на обвинетите додека беспомошно лежел, зборува дека обвинетите имале умисла за извршување на кривично дело и дека биле свесни дека може да настане штетна последица“, посочи обвинителката Трајчевска.

Следни Објави

Само што се ожени, почина: Естрадата во шок, сопругата со потресна објава

Пред неполни шест месеци светот со неверување и шок ја прими веста за ненадејната смрт на познатиот кантри-пејач Џејк Флинт. Во сон, само неколку часа по сопствената свадба, тој се упокои на 37-годишна возраст. Неговата сопруга сега се огласи на „Фејсбук“ со трогателна порака. „Не разбирам. Како луѓето воопшто преживуваат […]