fbpx

Дојде во болница збунета и почина: Шок по смртта на 25-годишната Гаја

Девојка од Велика Британија починала минатото лето по ненадејна главоболка, а последното нешто што им го кажала на лекарите е „погрешив“, пишува „Сан“. Чудно е и тоа што ќерката на британскиот лорд Мајкл Јанг водела многу здрав живот, паведнаш била покрената истрага за нејзината мистериозна смрт.

Гаја Јанг (25) го поминала кобниот ден возејќи велосипед со пријателите, но итно била пренесена во болница откако ѝ се слошило додека се враќала дома. Според истрагата, таа била „збунета“ и заспала веднаш штом пристигнала во болницата. Не можела да даде детален опис како го поминала денот.

Докторите на почетокот стравувале дека можеби е под дејство на психоактивни супстанци, но за време на сослушувањето било откриено дека умерено консумирала алкохол и никогаш не употребувала дрога.

Гаја исто така била „дехидрирана и вознемирена“, а како што е наведено, не мирувала во креветот држејќи го стомакот. И покрај сето ова, дијагноза не ѝ била одредена и починала на 21 јули минатата година. На судот му било кажано дека лекарите веруваат оти претрпела церебрален едем, состојба опасна по живот што предизвикува отекување на мозокот.

Нејзината мајка Дорит Улеман во понеделникот пред судот ги обвини лекарите дека ја пропуштиле шансата да ја спасат нејзината ќерка.

„Верувам дека со соодветна грижа таа немаше да умре. Верувам дека ја изгуби шансата да живее. Како е можно здрава млада жена да умре во болница без никој да знае зошто?“, вели вознемирената мајка.

Таа пред судот изјавила дека на 17 јули 2022 година, околу 19:30 часот, Гаја почувствувала ненадејни, силни главоболки со страшно повраќање. Улеман верува дека нејзината ќерка била „многу исплашена, засрамена и самосвесна во болницата“. Таа, исто така, рекла дека нејзината ќерка добила „целосно погрешна дијагноза“ и дека „знаците биле погрешно прочитани“.

Сведочела и докторката Зои Вири, која го примила девојчето.

-Кога ја прашав дали пиела, таа рече „не доволно“. Често коментираше „погрешив“-рекла докторката.

Гаја била реанимирана, но нејзината состојба се влошила и конечно престанала правилно да дише следното попладне. Ѝ била направена лумбална пункција, но сепак не била поставена дијагноза.

Д-р Томас Самуелс, кој ја извршил процедурата, рекол дека тој ден комуникацијата можела да биде подобра, но дека биле донесени правилните лекарски одлуки и дека тој лично не би направил ништо поинаку.

Д-р Кристијан Хасфорд, пак, верува дека причината за нејзината состојба може да биде поврзана со токсини или воспаление, но не мисли дека тоа е алкохол или конвенционални рекреативни лекови.

Инаку, Гаја донираше повеќе од 20 сантиметри од својата коса три дена пред смртта на добротворната организација „Little Princess Trust“, која произведува перики за болни од рак.

Таа исто така волонтирала во Непал, градејќи училишта за девојчиња и ја донирала својата плата во различни добротворни организации.

Следни Објави

Ученик тежок 120 кила брутално ја претепа професорката: Причината е страшна (ВИДЕО)

Вознемирувачкото видео кое се појави на социјалните мрежи прикажува како тинејџер од Флорида брутално тепа наставничка, откако таа му ја конфискувала конзолата за видео-играта Nintendo Switch за време на часот. На видеото се гледа како бесното 17-годишно момче трча кон учителката која го забележува напаѓачот на дел од секундата пред […]