По кратко боледување на 45-годишна возраст почина Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
„Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство“, соопшти денеска ССМ.
Оние што го познаваа велат дека бил исклучителен човек.
„Даре како е можно? Толку беше борец, сите битки ги водеше, зошто не се избори за твојата? Почивај во мир пријателе, сочуство до семејството“, коментираат тие на социјалните мрежи.
Погребот на Димовски ќе се изврши утре во 13 часот. Пријателите, соработниците, работниците, граѓаните ќе можат да се простат и да изразат сочувство од 12 часот во капела на градските гробишта Бутел.