Лени Партикова, македонската пејачка која со години е дел од домашната фестивалска сцена, се омажи со својот партнер Жарко Ѓоргески.
Убавата вест и самата ја сподели на социјалните мрежи споделувајќи неколку фотографии од свадбената фотосесија со емотивна порака.
„Љубовта не мора да биде совршена, таа само треба да биде вистинска и лојална. Кога двајца луѓе се наменети еден за друг, ниту едно време не е предолго, ниту едно растојание не е предалеку и никој никогаш не може да ги распарчи. Ја крунисавме нашата љубов за навек“, напиша таа.
Партикова која неколку години е дел и од хорот на Националната опера и балет за најубавиот ден во својот живот одбра класична венчаница.
Особено интересен е изборот на свадбената торта.
Им посакуваме долг и среќен живот!