fbpx

Беше чесен, жалосно за децата: Сите во шок по смртта на 35-годишниот музичар

Хрватскиот музичар Роко Јелиќ, член на далматинската клапа „Пунтамика“, почина на 35 години во болницата во Задар.

Неговите колеги раскажуваат дека првпат забележале дека нешто не е во ред со него пред неколку недели, кога славеле роденден на ќерката на еден од членовите на клапата.

„Беше видно ослабен, призна дека е болен и дека мора да се лекува“, раскажува неговиот соработник Марио Стефаниќ.

Роко позади себе остави две малолетни деца, син и ќерка. Свиреше мандолина, а во „Пунтамика“ музицираше последните три години. Беше и асистент на Поморскиот факултет во Задар.

– Беше вреден, скромен и чесен човек. Секогаш со топла насмевка од уво до уво. Никогаш не покажуваше нервоза. Едноставно пријател кој никогаш нема да умре во нашите срца – едногласни се неговите колеги.

Следни Објави

Мојот син беше во твоите раце: Алачки проговори за најтешката ноќ

Посветено на д-р Владимир Чадиковски Прелистувајќи го мојот албум со фотографии, пред оваа здивот ми застанува, токму заради него, досега не ја објавив зошто устата не можеше да ми најде збор, зошто се’ уште не постои збор што толку ќе прилега на неговата големина, на тоа што е тој, а […]