Еден од најграндиозните споменици, големата статуа со Исус Христос во Рио де Жанеиро, Бразил, на католичкиот Велигден беше виртуелно „облечена“ во лекарска облека. На овој начин, градот им заблагодари на болничарите од цел свет, за сѐ она што го прават во борбата против коронавирусот.
Станува збор за познатата статуа на планината Корковадо над Рио. Таа го доби својот нов изглед благодарение на специјално осветлување. Организаторите притоа, зборот „Благодарам” го испишаа на неколку јазика, на домашниот португалски, на шпански, англиски, германски, италијански, кинески, француски, арапски и руски јазик.
Освен тоа, статуата беше осветлена во боите на знамињата на државите што се најпогодени од коронавирусот. „Ова е послание за надеж во овој тежок период на пандемија“, изјави надбискупот на Рио де Жанеиро, кардиналот Орани Жуан Темпеста.