Седењето во карантин сериозно ни го наруши вообичаениот начин на живот. Некои се подготвени за компромиси, но со три хороскопски знаци треба да бидете особено внимателни. Животот во изолација со нив може да биде вистинска ноќна мора.
ШКОРПИЈА
Дури и во отежнати услови си тераат по свое и ретко се подготвени на компромис. Сепак, ако имате добра комуникација со нив ќе можете на фин начин да ги охрабрите да станат посамокритични. Генерално, шкорпиите дури и со нивните мани можат да бидат мудри и неверојатно секси. Ако не ви е тешко да се носите со нивната тврдоглавост, тие можат да бидат внимателни и инспиративни партнери.
БИК
Забавни, сентиментални и лојални се Биковите, но кога треба да се реши некој конфликт не се расположени за соработка. Нивната тврдоглавост најчесто доминира во такви ситуации и ги затвораат сите канали на комуникација. За нив многу е важно да научат барем понекогаш да ги видат работите и од друг агол, наместо да се држат само до својата перцепција.
ЛАВ
Тие може да одлучуваат додека не направат некој потег поради кој запаѓаат во нефункционална врска, па поради својата тврдоглавост често имаат чувство како да стојат во место.