Министерството за здравство информира дека меѓу граѓаните се шири меил со невистината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство и апелира граѓаните да не потпаѓаат под оваа манипулација.
– Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи кој веќе постапува за овој случај. Официјалната електронска адреса на ресорното Министерство е: [email protected]. Упатуваме апел до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација – стои во соопштението од Министерството за здравство.
Оттаму велат дека ширењето на лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество.