fbpx

Беше неподвижна 51 ден: Лидија Таковска за болеста на ќерката Марија

Скопјанката Марија Таковска (15) е пример за храброст и истрајност, по точно 51 ден поминат во болнички кревет. По трите операции на ‘рбетот, тогаш 12 годишната Марија лежела еден ипол месец само на грб, во една положба.

Нејзината мајка Лидија Тасковска вели дека тие денови, заедно со сопругот Спасе кој е свештеник во храмот Рождество на Пресвета Богородица, секојднево се молеле нивната ќерка да застане повторно на нозе, и решиле дека предавањето никако не е опција.

По сите болни години кои Лидија (дефектолог во посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“)  ги опиша, Марија денеска е здрава и убава млада девојка, деветоооделенка во во ООУ„Кузман Шапкарев“ во скопската населба Драчево. Голема поддршка ѝ е нејзината помала сестра Каја, петтоодделенка во истото училиште.

Лидија искрено раскажа дека таа и целото семејство многу научиле од позитивниот дух и од борбеноста на Марија. 

Кога и како дознавте за болеста на вашата ќерка, кога најмногу прогресираше?

– Летото 2011 година веќе вратени од одмор седевме во дворот заедно со децата кои си играа, но бидејки беше многу жешко Марија посака да ја соблече маичката. При соблекувањето на грбчето приметивме мало искривување на рбетот. Тоа мене многу ме вознемири и веднаш закажавме преглед кај тогаш познатиот приватен ортопед кај кој ја носевме од самото раѓање. Тој мислеше дека не е нешто многу сериозно бидејки кај деца до 7 години знаело да се појави вакво искривување и ни советуваше да почекаме една година. Во меѓувреме ја запишавме на балет со надеж дека балетот ќе помогне во испрвување на рбетот.

Помина една година и како што растеше состојбата се влошуваше. На 7 години ја однесовме на ортопедија при клиничкиот центар нормално со направени снимки претходно. Докторот кој ја гледаше уште на таа возраст знаеше дека оваа состојба ќе се влошува и ќе стигне до операција но сепак ни предложи вежби за корекција и носење на корсет. Оттогаш започна нашата голгота.

Целата приказна прочитајте ја на порталот „Хаштаг“.

Следни Објави

(ВИДЕО) Ѕирнете во црвената зона на Инфективна клиника

Репортер на ТВ21 доби дозвола да влезе на Инфективната клиника во Скопје каде во последниве 24 часа биле хоспитализирани тројца нови пациенти. Инфективна е поделена на две зони, зелена или чиста и црвена или загадена зона од каде и започнуваат рестрикциите – строго забранет влез кадешто без соодветна заштитна опрема […]