По објавувањето на информацијата дека првпат откако е изградена болницата „8 семптември“ над 80 пациенти се на кислородна поддршка, познатата пејачка, авторка и хуманист Ребека Јанковска Ристески објави емотивен пост со кој јавно им постави неколку прашања на своите сограѓани. Ви го пренесуваме во целост:
„Ве гледам насекаде и срцево ми се кине. Маски не носите, срам немате! Си се дружите. Алал да ви е!
Моите деца со маски излегуваат позади зграда и се единствени или многу ретки кои тоа го прават. Децата надвор се собрале со родителите на лулашки. Родителите маските под брада!?
Зарем мислите дека вака ќе се избориме со вирусот. Зарем мислите дека здравствените работници се роботи. Тие имаат праг на издржливост! Знаев дека многумина сте себични и размазени, но не верував дека до толку!!!???
Ве молам мислете на децата со попреченост, со ретки болести, мислете на здравствените работници, мислете на старите луѓе, мислете на сите кои се во ризичните групи на граѓани.
Дали сте свесни што правите!?“
Можеби ќе ве интересира:
Те нема физички, ама душата ти е тука: Нора емотивно за татка си