fbpx

Нови 4 починати, бројката се искачи над 250

Во последните 24 часа се направени 1363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на Ковид-19 во:

-Скопје 55
-Куманово 9
-Дебар 1
-Штип 1
-Прилеп 4
-Тетово 20
-Струга 2
-Велес 2
-Битола 1
-Охрид 9
-Гостивар 4
-Гевгелија 1
-Струмица 2
-Свети Николе 1
-Кичево 1
-Ресен 5

Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје – пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од:

-Скопје 37
-Штип 3
-Прилеп 5
-Тетово 24
-Велес 1
-Гостивар 4

Досега во земјата се направени вкупно 53,248 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5311, бројката на оздравени пациенти е 2048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3012.

Следни Објави

Почина Христијан кој чекаше трансплантација на срце

Почина 31 годишниот Христијан Неделковски кој осум години живееше приклучен на батерии, со вградени две пумпи во срцето, интервенција која беше направена во болницата „Херцентрум“, во Берлин. Веста дека починал ја соопштија од Националното здружение на пациенти со МП на срцето „Храбро срце“. – Со огромна болка и жалење ве […]