fbpx

Очекувам да ја корегираат грешката: Накова проговори за приведувањето

По приведувањето на Александра Накова и нејзино спроведување во државен карантин, македонската манекенка конечно се огласи за случувањата. Вели дека изминатиов период дел од медиумите за неа објавиле низа информации кои се непроверени, неточни и во кои, според неа, постои намера таа да биде прикажана како личност која не го почитувала законот.

– Ваквите информации на овој начин сакам во целост да ги демантирам. Од моја страна во целост е испочитувано сѐ што надлежните органи го имаат наведено во актите кои се однесуваат на мене. За мене од нејасни причини, во изминатиов период во јавноста се објавуваат дезинформации кои директно нанесуваат штета на мене и на моето блиско опкружување, а особено дека сум била позитивна на вирусот Ковид-19 и дека слободно сум се шетала и заразувала други личности. Ваквите објавени невистини, се спротивни на содржината која произлегува од документацијата на здравствените установи кои утврдиле дека специјалниот скрининг за коронавирус е негативен. Како човек кој ги почитува законските прописи, до сега никогаш не сум имала судир со Законот, а тоа така ќе биде и во иднина – објаснува Накова.

Накова сподели и тест направен во приватна болница

За неа, почитувањето на првичното Решение за самоизолација од 14 дена, како и двата направени специјални скрининг тестови за коронавирус кои се негативни, се доказ дека постапувањето на одредени институции и личности е спротивно на нивното постапување и донесување на акти.

– Очекувам дека веднаш повиканите ќе ја корегираат направената грешка, за која сакам да верувам дека не е сторена намерно – вели познатата манекенка.

Следни Објави

Седум починати, бројот на заразени сѐ уште алармантен

Во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 71-Куманово 15-Дебар 1-Штип 10-Прилеп 5-Тетово 20-Струга 3-Велес 1-Битола 3-Охрид 10-Гостивар 14-Пробиштип 4-Македонски Брод 1-Кичево 2-Ресен 5 Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден […]