fbpx

Починаа уште 10 пациенти, најмногу нови случаи во Скопје

Во последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 24
-Куманово 6
-Штип 24
-Прилеп 1
-Тетово 7
-Струга 9
-Битола 1
-Охрид 6
-Гостивар 4
-Струмица 3
-Крива Паланка 1
-Радовиш 5
-Кочани 2
-Свети Николе 3

Починати се 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 76 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се четири лица на возраст од 85, 71 и 53 години, а кај 48 годишен пациент вирусот е потврден постмортем. На Клиника за пулмологија е починат пациент на 79 години, на гастроентерохепатологија пациент на  возраст од 79 години. Во болницата во Битола почина пациент од Кичево на 82 години, во Клиничката болница во Тетово пациент на 60 години. Во Клиниката „Жан Митрев“ починат е пациент на 62 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од:

-Скопје 27
-Куманово 16
-Прилеп 4
-Тетово 4
-Кавадарци 1
-Гевгелија 1
-Крива Паланка 3
-Кратово 1
-Кичево 1
-Ресен 3

Досега во земјата се направени вкупно 86.543 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9249, бројката на оздравени пациенти е 4871, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3946.

Следни Објави

Д-р Милан предупредува: За овие луѓе короната е опасна по живот!

Дали некој ќе заврши со најкритична клиничка слика и ќе заврши на респиратор или ќе помине без никакви компликации и симптоми, најчесто зависи од општата здравствена состојба Одредени придружни болести можат да бидат фатална комбинација кога е во прашање коронавирусот. Кај таквите пациенти, Ковид-19 може да биде опасен по живот. […]