Од чергиче на под, со една чаша млеко на ден и неискапен една година, 11- годишниот Илче од Охрид закрпенува на Детската клиника во Скопје, информира „Телма“.
Неговиот тест за корона е негативен, и откакао ќе закрепне ќе биде вселен во малиот групен дом во Демир Капија.
Повикот за спас за Илче стасал до сосетка на улицата „Питу Гули“ во Охрид заради болните крици на момчето. Тимот социјални работници три дена асистирале во грижата за него со храна и облека, но никој не сакал да го превземе.
Голготата за Илче заврши откако медиумите објавија за случајот, па министерот за здравство Венко Филипче лично иницираше со амбулантно возило момчето да се пренесе во Скопје.
Мајката на Илче е пронајдена по службите во струшко, но го загуби родителското право над него, а заработи и кривична пријава заради пропусти во родителската грижа.
Целата сторија погледнете ја ТУКА!