fbpx

Се одложува стартот на учебната година

Сѐ додека не се формира Владата, нема да стартува ниту новата учебна година, велат од Комисијата за заразни болести за Фактор.

На денешниот состанок присуствувал и министерот за образование, Арбер Адеми, и генералниот став на МОН е училиштата да ги отворат вратите за учениците, односно образовниот процес да се одвива со физичко присуство, но гласните препораки од претставниците на ресорното министерство, како и од Комисијата за зарасни болести се однесуваат на намалување на времетреањето на училишните часови, а за да биде така, треба да се направат законски измени.

– Сѐ додека не се формира Влада и функционално Собрание не може да стартува учебната година со одредените измени кои ги препорачуваме и ние, како Комисија за заразни болести и Министерството за образование. За да се скратат часовите, малиот одмор, големиот одмор, мора да се направат законски измени, а за да биде така мора да имаме Влада и секако Собрание. Дури да се донесе и препорака наставата да биде онлај е потребно законски тоа да се регулира. Сите измени што ги правевме во март, април и мај, сето тоа го правеше техничката Влада, но сега ситуацијата е поинаква. Ќе има одложување на стартот на новата учебна година сѐ додека во земјава не се формираат највисоките државни органи – вели изворот на Фактор.

Министерот за образование и наука на денешната прес-конференција порача дека продолжуваат преговорите за тоа како ќе се организира наставата.

„Има повеќе модели за кои се разговара, но сѐ ќе зависи од епидемиолошката слика низ градовите во земјава. Во овој момент е најлесно тоа да биде со онлајн учење, но преговорите продолжуваат и во наредните денови“, истакна Адеми.

Следни Објави

Едвај преживеа, а сега апелира: Потресно сведоштво на Виолета од Прилеп

Виолета Мирчевска (70) од Прилеп тринеделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација ѝ било семејството кое ја охрабрувало да издржи и повторно цврсто да застане на нозе.  „По една недела со симптоми на Ковид-19, бев хоспитализирана во инфективното одделение во Општата Болница во Прилеп. Моето […]