fbpx

Едвај преживеа, а сега апелира: Потресно сведоштво на Виолета од Прилеп

Виолета Мирчевска (70) од Прилеп тринеделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација ѝ било семејството кое ја охрабрувало да издржи и повторно цврсто да застане на нозе. 

„По една недела со симптоми на Ковид-19, бев хоспитализирана во инфективното одделение во Општата Болница во Прилеп. Моето лекување беше едно од потешките, бев ставена на кислородна поддршка и се чувствував многу лошо. Во текот на целиот престој во болницата, медицинскиот персонал го даде својот максимум. Неуморно работеа за подобрување на мојата состојба. Без лекарите немаше да успеам да ја преживеам оваа битка. Исклучително сум благодарна за грижата, но и за хигиената во установата, презадоволна сум од сѐ. Голема мотивација ми беше семејството, децата, мојот брат и сопругот кои ја поминаа приказната заедно со мене. Упатувам апел до граѓаните да носиме маски, да се грижиме за нашата хигиена и да држиме растојание од 2 метра“, вели Виолета.

Следни Објави

Руски лекар: Ако се вакцинирате, никако не правете го ова!

Алкохолот не треба да се конзумира на денот на вакцинирање против инфекција со коронавирус, бидејќи може да го ослабне имунитетот и ефектот на вакцината. Ова за РИА Новости го објави Евгениј Брун, главниот специјалист за наркологија при Министерството за здравство на Руската Федерација. – Мислам дека ниту еден лек, вклучително […]