Првиот позитивен тест го добил на 31 март и поминал 115 дена во болница. Приказната на Италијанецот Марко Карара го сврте вниманието на светските медиуми откако дури 28 пати бил позитивен на Ковид-19
Кон крајот на март кога од коронавирус починал неговиот татко, Италијанецот Марко Карара го добил првиот позитивен тест и во тешка состојба бил сместен во болница. И останал таму рекордни 115 дена.
Позитивните тестови се нижеле, а на крајот од јули конечно бил пуштен дома, но повторно во самоизолација во станот на покојниот татко.
„Од тераса си го гледам семејството. Сопругата Симона и синовите Матео и Џанлука ги немав видено четири месеци“, им раскажа храбриот Марко на медиумите.
Поддршка за побрзо опоравување му даде и премиерот Џузепе Конте.