Познатата македонска актерка и поранешна директорка на Тетатар „Комедија“, Јелена Жугиќ, удри по владината политика по одлуката на актуелната гарнитура учебната година да стартува подоцна од вообичаеното.
– Први септември. Син ми Ахил требаше да го започне своето средно образование, требаше со пеперутки во стомакот да истурам чаша вода по него додека излегува од дома, за арно, за убаво и лесно да му е, со нетрпение да очекувам пораки на вибер дали е со другарите од основновно во исто одделение, па кој му е класен/класна, па со кого во која клупа и редица седнал… денес требаше да биде празник во мојот дом, оти „знаењето е сила, знаењето е моќ“ е максима во моето семејство генерации наназад. Требаше… требаше… и ќе беше, да бевме нормална држава, која се грижи за образовниот систем како за најдрагоцениот темел на кој почива иднината. Со ваква држава треба да се плашиме за иднината на младите – напиша Жугиќ на „Фејсбук“.