Засекогаш ќе бидеш победник, ангелу мој! Засекогаш! Колку само знаеше да уживаш во секој момент.. Те сакам!
Со овие зборови мајката Елизабета Ј. се прости од својот седумгодишен син Страхиња кој почина по тридневна борба за живот, по стравичната несреќа кај кружниот тек во населбата Мала Босна во Сремска Митровица која го потресе регионот.
Оваа тажна објава предизвика лавина реакции и пораки со сочуство на социјалните мрежи.
„Бог и ангелите небесни нека те примат во нивната прегратка“, „Боли, ах колку ќе ни недостасуваш“, се само дел од коментарите на „Фејсбук“.