fbpx

Нагло починала: Познати деталите за смртта на 23-годишната скопјанка

Пациентката од Скопје која на 23 години почина на Инфективната клиника по компликации од Ковид-19 имала коморбидитети, опериран тумор на хипофиза и Морбус-Кушинг ендоринолошко заболување, инфотмираат од Министерството за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК.

„Смртта настапила нагло“, велат од Министерството.

Таа била потврдена позитивна на 5 септември, а претходно 4 дена била со симптоми температура, кашлица и тешко дишење. Хоспитализирана е на 12 септември на Инфективната клиника во Скопје и веднаш класифицирана како тежок пациент, ставена на кислород. Ден пред да почине, состојбата на пациентката се влошила со пад на сатурација (заситеност на крвта со кислород), по што била ставена на неинвазивна вентилација (НИВ).

Изминатово деноноќие почина уште една млада пациентка, 29-годишна струмичанка, во Клиниката Жан Митрев. Во епидемиолошкиот извештај на ИЈЗ стои дека имала заболување на тироидната жлезда.

Следни Објави

(ФОТО) Ќерката на Јулија има канцер, пејачката со емотивна посвета

Познатата пејачка, водителка и мотивациски тренер, Јулија Мациевска, одлучи да проговори за болеста на нејзината ќерка. Таа со емотивна посвета ѝ го честита роденденот на Андријана, а истата ви ја пренесуваме во целост. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АНДРИЈАНА И ова утро сонце мајкино започнува со помислата на тебе… Ќе го славиме твојот […]