fbpx

Уште седум мртви, досега починаа 700 пациенти од корона

Во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 10
-Куманово 4
-Штип 1
-Прилеп 1
-Тетово 5
-Гостивар 4
-Крива Паланка 1
-Радовиш 1
-Кочани 9
-Пробиштип 1
-Берово 5
-Делчево 1
-Кичево 2

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од:

-Скопје 24
-Куманово 8
-Дебар 4
-Штип 1
-Прилеп 6
-Тетово 2
-Струга 1
-Битола 1
-Кавадарци 3
-Гостивар 7
-Гевгелија 5
-Крива Паланка 7
-Радовиш 2
-Кочани 2
-Пробиштип 1
-Пехчево 7
-Виница 4
-Свети Николе 1

Досега во земјата се направени вкупно 176.017 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16780, бројката на оздравени пациенти е 13949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131.

Следни Објави

Чистам по куќи да преживеам: Исповед на најдобрата македонска фудбалерка

Дојдов во ситуација да морам да чистам по куќи за да преживувам, раскажува нашата поранешна фудбалска репрезентативка Ширет Браими за порталот „Спорт1.мк“. Дамата која пред повеќе од десетина години ги тресеше противничките мрежи како од шега и беше прогласувана за најдобра во Македонија, сега преживува вистинска голгота.  – Минувам низ […]