Катерина Попоска (41) отворено и искрено проговори за борбата со ракот на дојка која трае цели осум години. Таа е магистер на правни науки, живее во Кичево, а работи во Скопје. Мајка е на две деца од 14 и 8 години и, како што вели, ужива во секој миг од животот, растоварена од предрасуди.
Попоска со своето искуство сака да им помогне на жените кои се соочуваат со оваа болест, но и да ја развие свеста кај останатите за редовни прегледи на дојка.
– Додека го доев второто дете, забележав грутка на едната дојка. Отидов на ренгенолог во Кичево. Ми направија ехо-преглед и дијагностицираа циста на дојка. Ми рекоа да дојдам на контрола по шест месеци. На моето прашање дали треба да направам мамографија, ми одговорија дека нема потреба, бидејќи сум млада. Тогаш имав 32 години. Грутката евидентно растеше и отидов повторно на контрола по четири месеци. Ми направија ехо-преглед и ми дадоа упат за Клиниката за торакална хирургија во Скопје. Докторот што ме прегледа предложи веднаш да направам операција, да се извади грутката и да се направи биопсија. Бидејќи се уште доев морав да пијам лекови да ми секне млекото. Се оперирав по еден месец – раскажува таа.
Целиот разговор прочитајте го на „Женски магазин“.