fbpx

Едноставно те нема, а толку те имаше: Ќерката на Амди скршена од болка

Смртта на поранешниот пратеник Амди Бајрам стана топ-тема во медиумите, особено по шпекулациите дека тој ќе биде погребан во Алејата на Великаните.

И покрај препораките и забраните на здравствените власти поради состојбата со Ковид-19, неговото семејство најави масовен погреб на кој ќе бидат испочитувани сите обичаи.

Доцна синоќа, со емотивна посвета на социјалните мрежи се огласи и неговата ќерка Валентина.

– Да откорнеш гранка од едно дрво многу боли, да искинеш лист од гранката може повторно да расте. Да го снема дрвото, дури тогаш се чувствува празнина. Едноставно го нема, а толку често го имаше, секогаш беше тука, што просто да не ти се верува дека повеќе го нема. Семејството Бајрам изгуби сопруг, татко, родител, дедо. Ромската нација го изгуби својот татко, изгуби борец, изгуби патриот!!! Амди Бајрам им помогна на сите! Амди Бајрам беше другар со сите! Соработник, пријател, партнер и народен човек!!! – напиша таа на „Фејсбук“.

Габриел, синот на Амди Бајрам, за „Фокус“ изјави дека дента пред да почине, се’ било во ред со неговиот татко и дека никој не можел да претпостави што ги чека.

– Мајка ми сакала да го разбуди, кога забележала дека устата му е помодрена, а тој бил во несвесна состојба. Поради дијабетесот со кој се бори долг период, сме имале слични случки, таа веднаш му измери шеќер, бројките покажаа 1,2. Повикавме брза помош, дојдоа и заминавме право во клиниката на д-р Жан Митрев. По патот тој беше свесен. Кога стигнавме во болницата, чекавме околу десет минути пред вратата на ургентното одделение. Тогаш татко ми почина на носилката, пред влезот. Внатре го внесоа веќе починат, а ние останавме да чекаме околу час или два. Од она кое го знаеме, тој починал од мозочен удар, а не од коронавирус. Ни го дадоа телото од болницата, ние си заминавме дома да ги испочитуваме нашите обичаи – раскажа Габриел.

Следни Објави

Рекорден број починати, меѓу нив и 35-годишен пациент од Скопје

Во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 271 – Куманово 29 – Дебар 2 – Штип 19 – Прилеп 33 – Тетово 26 – Струга 3 – Велес 20 – Битола 17 – Охрид 11 – Кавадарци 18 […]