fbpx

Лекарите изненадени: Три нови симптоми на корона!

Речиси секојдневно читаме за нови истражувања поврзани со непредвидливиот коронавирус, а сега лекарите се најдоа затечени по најновите студии кои укажуваат и на други симптоми покрај оние најчестите како што се висока температура, сува кашлица и губење на чувството за мирис и вкус.

Научниците открија дека губењето на слухот, честото одење во тоалет и болката во очите исто така може да бидат алармантни индикатори за болеста.

Губење на слух

Истражувачите од Медицинскиот факултет на Универзитетот Џон Хопкинс тврдат дека коронавирусот не влијае само на носот и на грлото, туку и на увото и мастоидната коска на черепот.

Често одење во тоалет

Д-р Дијана Гал ги предупредува пациентите да внимаваат доколку имаат помека столица и почести посети на тоалетот.

„Тоа може да биде знак на инфекција“, тврди таа.

Болки во очите

Според најновиот извештај, коронавирусот може да предизвика и проблеми со очите како отечени капаци или прекумерно солзење.

Следни Објави

Ќе се борам за децата: Јованка Житарова искрено за разводот

По пауза од речиси една деценија, македонската фолкерка Јованка Житарова направи камбек на домашната сцена, овојпат со поп-рефрен кој, според прегледите на „јутјуб“, добро поминува кај публиката. Пејачката со години живееше во Америка кадешто се реализира и како сопруга и мајка, но во меѓувреме се разведе и сега повторно е […]