Кога го дадов голот погледнав кон небото и помислив дека вербата во бог ќе ме награди, вели Пандев за порталот „Гол.мк“ по историскиот успех за македонскиот репрезентативен фудбал.
Капитенот призна дека е пресреќен за пласманот на Македонија на Европско, а меѓу другото кажа и што сопругата и децата му порачале пред тргнувањето од Италија.
– Успехот го посветувам на мојата фамилија, тие се мојата инспирација и помош. Кога ме испратија од Италија, жената и децата ми порачаа: „Тато, без Европско првенство да не се враќаш“. Среќни се сите, а јас сум најсреќен. Уште не верувам дека го остваривме сонот, ама за некој ден ќе разбереме што сме направиле – изјави Пандев.