До утрово уште двајца пациенти починале на инфективното одделение во Битола. Едниот од Битола на 45-годишна возраст, а другиот од Ресен на 53-годишна возраст, јавува „Тера“.
Бројот на почнати пациенти од Битола од почетокот на пандемијата се искачи на 107 лица.
Моментално во регионалниот Ковид центар таму се хоспитализирани 76 лица. Вчера биле регистрирани седум нови случаи на Ковид-19 и триесет оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во Битола е 950.