fbpx

Направи хаос во „Ѕвездите на Гранд“: Која е Мими од Велес?

Велешанката Мими Јовановска за разлика од претходниот круг кога го воодушеви жирито во регионалното шоу за таленти „Ѕвездите на Гранд“, во најновата епизода потфрли со изведбата.

Лошиот избор на песни беше пресуден овојпат да добие само три гласа, но поради претходното одлично претставување Саша Поповиќ ѝ даде зелена карта за понатамошно натпреварување.

Младата талентирана пејачка предизвика големо внимание на социјалните мрежи, а на „Инстаграм“ и самата се огласи.

– Уште еден во низата настапи на сцената на Гранд. И покрај тоа што не го дадов својот максимум, поддршката од вас и овојпат не изостана. Ви благодарам од срце и ви ветувам дека во следниот круг ќе ги оправдам вашите очекувања – напиша таа.

Јовановска веќе подолго време се обидува да се пробие во музичките води. Како вокалистка на бендот „Да Капо“ досега имала бројни настапи ширум нашата земја.

Зад себе има две авторски песни отпеани на домашни фестивали, а последната Нова година имаше забележителен настап и пред нашинците во Шведска.

Во една прилика Мими призна дека омилена пејачка ѝ е Анета Мицевска од групата „Молика“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Признавам, ме засени: Братот на Лепа Брена запеа во „Никогаш не е доцна“

На изнендадување на многумина, Фарук Јахиќ, братот на Лепа Брена, се појави како гостин во последната епизода на емисијата „Никогаш не е доцна“. Јахиќ, меѓу другото, во шоуто зборуваше за односот со фолк-ѕвездата, па истакна дека не му пречи што тој никогаш не доживеа популарност каква што Брена имаше пред […]