fbpx

На колена ќе молите: Д-р Татјана Гуржанова остро за вакцините

Господа од Влада на РСМ, немате поголем приоритет во моментов од набавка на вакцини, хитно, најхитно, сега и денес!!!! (и не им се обраќам на моите колеги во Министерството за здравство затоа што го делат моето мислење до последен збор, но се немоќни бидејќи одлуките од повисоко доаѓаат)

Заборавете на бирократија, размрдајте ја таа мрзелива администрација со брзи и вонредни закони да се регистрира и руска и кинеска и секаква вакцина, све е добредојдено, нема што да чекаме амин од EMA, за увоз на вакцини, или па несреќен Ковакс. Ќе одите и на колена ќе молите да ви достават!!!! Сите тие што ги одбивте кога сами ни ја понудија!!

По болниците цели семејства се легнати и се борат за живот, добро знам бидејќи јас лежев 10 дена во ГОБ 8 Септември и ја гледав ламјата директно во очи. И тие што преживуваат уште долго се неспособни ни за работа ни за секојдневни активности.

На персоналот од ГОБ 8 Септември (сите до еден прележале и пак се на работа) до земја им се поклонувам.

И немој некој антиваксер да ми залута на зидов или имунолог аматер а уште пострашно и најново викенд инженер по генетско инженерство, само ќе блокирам, нема да дискутирам!!!

Фејсбук-статус на д-р Татјана Гуржанова, гинеколог акушер

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Спасете се од тешки болести: Ако имате над 45, мора да го знаете ова!

Научниците заклучија дека постои едноставен начин да ѝ „побегнете“ на смртта, само треба да го подобрите чекорот Многумина мислат дека тежината е еден од најважните индиктори за здравјето на еден човек, но и за тоа колку долго ќе живееме. И донекаде се во право – индексот на телесната маса е […]