Поминаа две години од смртта на Шабан Шаулиќ кој загина во сообраќајна несреќа во Германија.
Покрај фолк-ѕвездата, животот го загуби и врвниот музичар Мирсад Кериќ кој исто така беше во автомобилот.
Сега конечно се огласи и неговата сопруга Ружица и откри дека тоа кобно утро е избегната уште една трагедија.
– Ништо не е исто без него. Најлоши ми се викендите. Неделите ги поминувам чекајќи од негде да се појави. Ние бевме повеќе од маж и жена. Се веривме млади, почнавме да се забавуваме на 18 години. Бевме и брат и сестра и најдобри другари и љубовници. Малку фалеше да останам и без поголемиот син кој во последен момент го предомислив да не замине со татко му на настап и да остане кај баба му – раскажа Кериќ.
Фото: Курир
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.