fbpx

Неутешна: Се огласи сопругата на Балашевиќ

Фановите, но и неговите колеги од сите поранешни ју-републики денеска цело попладне со емотивни посвети се простуваат од легендарниот новосадски кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ кој почина од компликации на Ковид-19 на 67-годишна возраст.

Секој ден ја сакаше сѐ повеќе: Љубовната приказна на Балашевиќ

Скршена од болка, смртта на неповторливиот музичар ја потврди и неговата ќерка, а сега се огласи и неговата сопруга Оливера со која беше четири децении во брак, беше негова најголема поддршка, но и инспирација.

„Вистина е“, видно вознемирена изјавила таа и ги замолила новинарите за разбирање.

Оливера е поранешна спортистка, врвна гимнастичарка во четири дисциплини. Со Ѓорѓе имаат три деца, ќерките Јована и Јелена и синот Алексa.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трогателно: Ова биле последните зборови на Балашевиќ!

Српски „Телеграф“ пишува за последните часови од животот на Ѓорѓе Балашевиќ кој почина на 67 години од компликации на Ковид-19. Новосадскиот кантавтор со пневмонија бил примен на Клиниката за инфективни болести пред три дена. Поради претходни хронични здравствени проблеми, состојбата нагло му се влошила. – Последните часови не можеше ниту […]