Српски „Телеграф“ пишува за последните часови од животот на Ѓорѓе Балашевиќ кој почина на 67 години од компликации на Ковид-19.
Новосадскиот кантавтор со пневмонија бил примен на Клиниката за инфективни болести пред три дена. Поради претходни хронични здравствени проблеми, состојбата нагло му се влошила.
– Последните часови не можеше ниту да зборува. Пред да го префрлат на интензивна нега се обиде да се слушне со сопругата. Постојано го довикуваше нејзиното име. Не’ молеше да ѝ се јавиме – открива извор од болницата.
Секој ден ја сакаше сѐ повеќе: Љубовната приказна на Балашевиќ
Српските новинари ја контактираа Оливера со која Балашевиќ беше четири децении во брак. Таа, видно вознемирена, ги замолила за разбирање.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.