По тешко боледувае, почина финалист од првата сезона на популарното регионално шоу „Никогаш не е доцна“.
На Милорад Павловиќ Арса (63), минатата година му беше дијагностициран канцер на белите дробови, а последните месеци здравствената состојба значително му се влоши.
Арса беше еден од омилените натпреварувачи во шоуто. Често истакнуваше дека музиката му е се’ во животот.
Чувајте ми го синот: Потресни зборови на мајката која почина по извршен абортус
Имаше богат репертоар и одлично интерпретираше и рок песни и изворни рефрени.
Пред само три недели засекогаш не’ напушти и победникот од првата сезона на „Никогаш не е доцна“. Станоје Станковиќ, многу попознат како Кале Дијамант, имаше само 54 години, а почина од срцев удар.
Беше прва пејачка на „Магазин“ и горда на македонските корени: Животот на Лилјана Николовска
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.