fbpx

Солзите се тивки молитви: Приказната на оваа жена ги буди луѓето!

Една новинарка и поетеса преку своите мемоари ја споделила личната приказна за борбата со менталната болест, но била уплашена како ќе биде прифатена нејзината книга

Последен пат добро се исплакав на куглање, во јануари годинава. Се сеќавам, бидејќи се случи по објавувањето на моите мемоари и првата книга. Почувствував наплив на емоции и плачев цел ден. Преку тие солзи на крај успеав да пронајдам мир. Ама требаше да се исплачам, вели Кендис МекДау, новинарка, поетеса и авторка на книгата „Половина од битката“.

Тоа не беше совршена приказна, но пробав да бидам потранспарентна и искрена. Кога го објавив романот, во мене се јави голема тежина. Да биде работата уште полоша, мојата другарка од детството почувствува дека сум ја прикажала како лоша пријателка кога ја прочита книгата. Тогаш ме преплавија емоции поради кои почнав да се преиспитувам себеси.

Дали мојата приказна ќе ги разбуди луѓето?

Дали е јасно што сакам да пренесам на страниците на книгата? Се прашував постојано! Се прашував дали луѓето ќе ја препознаат мојата приказна така како што сакав или ќе ми судат. Секој момент станував се поскептична и почнав да се сомневам во сѐ. Се плашев и само плачев. Ме мачеше одлуката дали воопшто треба да ја споделам мојата вистина со луѓето. Но, кога успеав да се изборам со чувствата, се почувствував посилна и поподготвена за да излезам во светот, раскажува Кендис.

Солзите зборуваа сѐ што не можев да го кажам. Со тоа емоционално ослободување почувствував дека можам цврсто да стојам во својата вистина и самоуверено да препуштам уметноста да зборува сама за себе.

Лесно сочувствувам со луѓето и можам да ја почувствувам нивната болка. Верувам дека тоа го наследив од мајка ми. Плачев додека гледав филмови, ТВ-емисии, разговарав со непознати луѓе и во пресвртните моменти од моето детство. Сега кога сум во триесеттите години од мојот живот, гледам дека се повеќе личам на неа, што и не е лошо.

Денес можам да плачам поради доброто, лошото и сѐ што е помеѓу. Мислам дека тоа што сум постара повеќе се грижам за својот живот и како влијаам на другите. Повеќе размислувам каква трага сакам да оставам на Земјата.

Еднаш слушнав една постара жена како зборува: Солзите се само тивки молитви! Секогаш кога ќе заплачам се сеќавам на тие зборови. Понекогаш, кога работите не се во наши раце, не можеш да направиш ништо освен да ги пуштиш да се случат. Баш како и дождот, солзите делуваат како средство против лошо расположение, ја перат нечистотијата и насобраните емоции, и отвораат пат за нови. Промената на перспективата може да помогне да ги видите работите во ново светло.

Пуштете ги солзите да течат!

Во овие години не се воздржувам од потребата да заплачам. Научив дека воздржувањето од емоции не носи ништо добро. Ги поздравувам солзите кога ќе дојдат, знам дека откако работите ќе си легнат на свое, ќе се чувствувам многу подобро. Кога имав 20 би се срамела да го кажам ова и понекогаш пробував да сокријам, но сега кога има 31 година не се срамам повеќе.

Затоа следниот пат кога ќе почувствувате потреба да заплачете, пуштете да ве совладаат солзите. Почувствувајте, вдишете и задржете го тоа чувство затоа што доживувате нешто посебно.

Нема потреба да се срамите!

Немојте да дозволите некој друг да ви кажува за вашите чувства, или за тоа како би требало да се чувствувате.

Вашите солзи се вредни!

Не кажувам дека треба да излезете и да барате работи поради кои ќе плачете, но кога ќе дојде до тој момент, прифатете го без отпор. Тие солзи можеби ќе делуваат како средство за оздравување кое ќе ви помогне во момент кога најмногу ќе ви биде потребно.

* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Чувајте ми го синот: Потресни зборови на мајката која почина по извршен абортус

Трагедија ја потресе јавноста во целиот регион, откако почина 32-годишна мајка во една приватна болница во Лесковац по извршен абортус. Зафатот бил направен од здравствени причини, поради што реагирала и полицијата, а побарано е да се направи и обдукција. На Д.Т. која е мајка и на тригодишен син, морало да […]