fbpx

Се прослави во „Величествениот“: Почина македонскиот актер Луран Ахмети

Еден од најангажираните македонски актери од Албанскиот театар-Скопје, Луран Ахмети (46), почина од корона.

Пред неколку дена бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, но не успеал да ја добие најважната животна битка.

Почитувачите на неговата исклучитрелно плодна телевизиска, но и филмска кариера се во шок по трагичната вест.

Ахмети беше дел и од актерската екипа на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“.

Сепак, поширокиот аудиториум го забележа по појавувањето во хит-серијата „Величествениот“ каде го глумеше Хусрев-паша. Играше и во популарните турски серии „Збогум Румелија“ и „Долина на волците“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Изгубивме голем човек: Неверување по смртта на Небојша

Почина Небојша Трпковски (42), директорот на државното средно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. „Со огромно жалење ја објавуваме веста за прераната смрт на нашиот ценет и почитуван директор. Изгубивме голем човек. Нека почива во мир“, објавија од училиштето кое токму во мандатот на Трпковски беше преминувано во регионален центар за […]