fbpx

Мислев дека ќе се извлече: Светлана во шок по смртта на славниот колега

По тешко боледување, денеска почина реномираниот актер Феџа Стојановиќ на 73-годишна возраст.

Информацијата ја потврдија и од Театарот „Атеље 212“, а неговите колеги со емотивни посвети се збогуваат од него.

„Патувај добар Феџа, мирно“, напиша актерката Слобода Миќаловиќ која објави нивна заедничка фотографија.

Славната актерка Светлана Бојковиќ е шокирана од трагичната вест која ја примила.

„Не можам да се соземам, многу сум тажна. Го паметам како колега, пријател и добар човек. Слушнав дека се разболел и дека заминал на операција, но мислев дека ќе се извлече бидејќи имаше неверојатна енергија и секогаш работеше како да му е прв ден во театарот“, вели ѕвездата од „Подобар живот“ за „Србија данас“.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Згасна уште еден млад живот: Почина мајка на тригодишно девојче

Нова трагедија го потресе регионот откако босанските медиуми информираа за згаснувањето на уште еден млад живот. Престана да чука срцето на Селма Окиќ-Хускиќ, сакана ќерка, сопруга, мајка на тригодишно девојче, верна пријателка, пишува „Дневни Аваз“. Нејзиното прерано заминување ги потресе жителите на градот Цазин. „Животот често е тежок, суров и […]