fbpx

Вљубена во својот полубрат: Врската ни е легална, ама тато ќе се шлогира

Фразата „Забранета љубов“ доби сосема ново значење за една девојка која се вљуби во својот полубрат.

Меди се појави во емисијата „Тајна симпатија“ во која натпреварувачите откриваат се’ за личностите кон кои имаат интензивни чувства.

Во студиото присуствуваше нејзиниот поранешен полубрат Калум на кому му призна за својата емоционална надразеност во времето кога нивните родители биле заедно пред повеќе години. Иако во тоа време кога се запознале и двајцата имале едвај по девет години, Меди тврди дека нивната врска била посебна и дека максимално уживале во дружењето.

Родителите на двојката сепак сфатиле дека не се еден за друг, па поради новите околности ретко се гледале и Меди и Калум, но одржувале контакт преку социјалните мрежи.

„Овде сум да му порачам на мојот полубрат дека ми се допаѓа. Само да бидеме на чисто, ние не сме во крвно сродство, мајка ми и татко му беа заедно пред многу години“, раскажа Меди.

На ова се надоврза Калум и призна дека неколку ситуации допринеле да сфатат дека помеѓу нив постои посилна врска од онаа братско-сестринска.

„Тоа е лудо. Таа беше последната личност за која очекував дека ќе помине низ таа врата“, искрено кажа тој.

Иако ситуацијата е непријатна, тие сериозно разговарале колку нивната врска е легална и како нивните родители ќе реагираат на оваа голема вест.

Оваа двојка која навистина крена прашина во јавноста, одлучи да си даде нова шанса на втор „дејт“, но не пред да разговара со семејството.

„Мислам дека татко ми ќе се шлогира. Не знам како ќе го поднесе ова, ама па гајле ми е. Не се работи овојпат за него, туку за мене“, порача Калум.

Фото: ИТВ2/Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Доминација на Близнаци: Пресврт до 31 мај и за овие хороскопски знаци!

Од денеска почна владеењето на Близнаците, а некои претставници на овој хороскопски знак може да доживеат многу среќни моменти. Овој период ќе остават особен впечаток кај другите, затоа треба да се ослободат и воопшто да не се двоумат да се покажат во едно сосема ново светло. Пресврт до 31 мај […]