fbpx

Сека Саблиќ наполни 79: Ова е нејзината најголема семејна тајна!

Од култната серија „Подобар живот“, до македонскиот филм „Бал-кан-кан“, голем е опусот на легендарната југословенска актерка Јелисавета Сека Саблиќ.

Таа денеска наполни 79 години, а освен за нејзината успешна кариера, медиумите отсекогаш се интересирале и за нејзината невообичаена животна приказна.

Таа и понатаму одбива јавно да зборува за својот љубовен живот. Кога имаше 34 години го роди синот Стефан, но за тогашниот партнер никогаш не проговори.

„Животот со маж бара многу енергија, а треба да ја заштедиш за работа. Не велам дека не сум се реализирала семејно, но никогаш не сум била во мирен граѓански брак. Можеби затоа останав сама, затоа што веројатно тоа и ми припаѓа“, изјави Сека во едно интервју.

Нејзиниот син Стефан е успешен театарски режисер. Од мајка си го наследи талентот за уметност, а таа многу се гордее со него.

Стефан се занимава и со музика. Постдипломските студии ги заврши во Тел Авив, а работел и во познатата лабораторија за режисери во центарот Линколн во Њујорк.

Фото: ПринтскринЈутјуб/Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Го претепале до смрт од чиста досада, имаше само 18 години: Лука, почивај во мир! (ФОТО)

Изминаа 15 години од смртта на матурантот Лука кој беше претепан до смрт на 12 јуни 2008 година. Насилниците подоцна признаа дека монструозното дело го сториле од чиста досада. Кобната вечер, младиот Хрват со пријател чекал автобус кога прво му пришле двајца тинејџери и му побарале пари и цигари. Потоа, […]