fbpx

Беше пример за жена борец: Македонија тагува по Ленче

Пратеничката и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, објави тажна вест.

Таа со неверување ја примила веста за прераната смрт на Ленче Андова.

Нејзината трогаелна посвета ви ја пренесуваме во целост.

„Ленче беше пример за жена борец, жена активист, жена посветена на каузата на ВМРО. Немаше настан, протест или активност на која ја немаше Ленче, без разлика дали е во Скопје, Неготино, Охрид..

Се прашувам, колку може да е суров животот? Во еден миг, повеќе не нема. Унијата на жени, Унијата на Ветерани и цело ВМРО-ДПМНЕ загуби голем активист.

Најголемата загуба е на семејството, на Надица и Спасија кои останаа без нивната мајка.

Драга Ленче, ќе ни недостасуваш, ќе фалиш. Жалам од дното на мојата душа, што ова е нашето последно збогум, никогаш нема да те заборавиме и секогаш ќе те споменуваме како пример за истакнат член на ВМРО и пример за жена со огромна љубов кон Македонија.

Почивај во мир Ленче! Никогаш нема да те заборавиме!“

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Постојано ја бакнува сликата со синот Никола: Несреќниот татко скршен од болка

„На 11 јуни му славевме роденден. Го изгубив синот единец. Ах, синко мој“. Вака ја почнува својата болна исповед Дејан Станковиќ, татко на 31-годишниот Никола од Алексинац, кој заедно со уште тројца свои сограѓани го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа во Германија. Никола три години работел во оваа европска […]