fbpx

Трагедија во Холивуд: Познатиот актер почина на снимање

Нова трагедија ја потресе филмската индустрија.

На 60-годишна возраст ненадејно почина познатиот американски актер кој се прослави во серијата General Hospital.

Џеј Пикет едноставно се срушил на снимањето на филмот Treasure Valley во сојузната држава Ајдахо.

Тажната вест ја потврди и неговата сопруга Елена Пикет.

„Џеј Пикет, актер, писател, продуцент и креатор на филмот, ненадејно почина на сет додека се подготвувавме за снимање на една од сцените. Срцата ни се скршени и тагуваме со неговото семејство“, изјави режисерот Травис Милс по трагедијата.

Се’ уште не постои официјално објаснување за причината за смртта, но се претпоставува дека станува збор за срцев удар.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Не ме дочека: Ќерката на Слободан Трајковски ќе ве расплаче

По смртта на еден од доајените на македонското телевизиско новинарство, Слободан Трајковски, се огласи неговата ќерка. Емотивната посвета на Неда Трајковска Тодоровска која живее во Монтреал, Канада, предизвика големо внимание на социјалните мрежи. „Тато.. На повеќето ќе им останеш во сеќавање на екранот, ама за мене и за Вања секогаш […]